недела , 20 август 2017
edi_rama_2-685x320

Рама: Два дена го молам Баша за дијалог

Албанскот премиер Еди Рама синоќа гостувајќи во телевизиска емисија изјави дека веќе два дена го моли лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша да дојде на дијалог.

– Веќе два дена го молам да дојде на дијалог или да одам јас дури и во шаторите. Може да зборуваме за се за што сака тој. Дали ќе зборуваме за техничка влада? Ајде да зборуваме, изјави Рама.

Но, при гостување во друга теливизиска емисија, коментирајќи ја ваквата изјава на Рама, Баша ја оцени како „неодредена и лажна“.

Тој нагласи дека позитивно ќе одговори на поканата на премиерот Рама за дијалог, но само под еден услов доколку на него се разговара за формирање техничка влада.

Инаку, во истата емисија во врска со инфромациите дека неговиот владин коалициски партер Илир Мета има амбиции за премиерската функција, Рама рече дека тој тоа самиот никогаш не му го рекол.

– Мене Мета никогаш не ми искажал таква амбиција. Оваа амбиција ја кажувате вие. Тоа што министерите од неговата партија се борат Мета да биде пемиер, е нормална работа во целот свет. За кого друг би се залагале, изјави Рама.

Тој исто така посочи дека Мета ќе стане премиер само во случај ако неговото Социјалистичко движење за интеграција стане најсилна политичка партија.

– Тоа значи партијата на Мета да ги добие изборите. Постои правило во демократијата. Партијата која победува на изборите избира премиер, дециден беше Рама.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …