понеделник , 23 октомври 2017
edi_rama_2-685x320

Рама најави чистка во полицијата

Албанскиот премиер Еди Рама најави чиститки во полицијата, истакнувајќи дека акциите кои ги презеде полицијата во градот Елбасан, околу пресметката со инволвираните полициски работници во криминални дејствија ќе продолжи.

,,Има податоци дека има полициски структури кои се поврзани со криминогени банди во Елбасан, но и други градови, и чистката во полицијата ќе биде максимална“ рече Рама, во својот говор во Собранието, каде се расправа околу последните случувања во Елбасан каде подолг период дивеат одредени криминални банди.

Владата најави длабоки реформи во полицијата и во албанското МВР во целина. Опозицијата во Албанија обвинува дека токму власта е поврзана со криминалните банди особено во произовството и трговијата со дрога но и со други криминални активности.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …