среда , 28 јуни 2017
haradinajRamush1

Рамуш Харадинај и официјално кандидат за косовски премиер

Поранешниот командант на Армијата за ослободување на Косово (ОВК) и поранешен премиер Рамуш Харадинај ќе биде кандидатот за премиер на новоформираната коалиција меѓу неговата партија Алијанса за иднината на Косово (ААК), Демократската партија на Косово и Иницијативата за Косово, пренесе Танјуг, повикувајќи се на соопштение на ААК.

Во Приштина оваа голема коалиција веќе ја поргласуваат за победник на предвремените парламентарни избори во Косово, закажани за 11 јуни, забележа српската агенција.

И трите партии се предводени од поранешни команданти на ОВК.

Харадинај веќе беше премиер на Косово од 2004 до 2005 година, кога поднесе оставка заради процесот шќто против него се водеше пред Хашкиот трибунал за воени злостортства. Тој во 2012 годфина беше слободен од обвиненија.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …