петок , 18 август 2017
evropa-evro-56

Растот на економијата во еврозоната го зајакна еврото

Вредноста на заедничката европска валута порасна на меѓународните пазари поттикната од силните економски податоци од еврозоната.

Еврото, вчера во попладневните часови, беше на добивка од 0,60% во однос на американсаката валута и се тргуваше за 1,0626 долари.

Во однос на јапонската валута еврото зајакна 0.9% на 118,9785 јени, додека во однос на швајцарската валута е во плус од 0,34% на 1,0679 франци за евро.

Растот на цената на нафтата ја поддржува руската валута, па еврото бележи негативен правец во однос на рубљата и се движи на ниво од 61,60 рубљи што претставува пад од околу 0,2% во однос на претходното трување.

Економската клима во ЕУ е подобрена, соопшти Европската комисија, ESI индексот во февруари порасна на највисоко ниво во последние шест години. Исто така порасна и индексот BCI кој го мери расположението во производствениот сектор.

Од друга страна американскот долар ослабна во корпата на најважни светски валути. Инвеститорите не веруваат дека американскиот претседател ќе понуди повеќе детали за идните економски планови.

Слични написи

branimir

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра …