недела , 22 октомври 2017
78660-ehfcl-f4-rakomet-press-vardar-02052017-7198(1)

Раул: Горење игра модерен и брз ракомет, најдобри им се Тоскиќ и Брумен

По дуелот со Металург, за македонскиот првак Вардар следи нов дуел во СЕХА-лигата, како домаќин против словенечки Горење. Стратегот Раул Гонзалез е подготвен за нов триумф, иако вардарци чувствуваат мал замор и имаа проблем поради повреди.

„Ова ќе биде прв натпревар за нас во „Јане Сандански“ оваа сезона. Очекувам тешка средба, затоа што Горење имаат нов тренер и добри играчи. Играат модерен и брз ракомет и квалитетна 6-0 одбрана. Нивни најдобри играчи се Тоскиќ и Брумен. Имаме проблеми со повреди, но тоа не смее да ни биде алиби. Одиме на секој меч на победа, мора да победуваме ако сакаме да играме на Ф4“, изјави Гонзалез.

Натпреварот меѓу Вардар и Целје се игра во вторник од 17.30 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба и чинат 50 денари.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …