вторник , 24 октомври 2017
meso

Разбиен меѓународен ланец кој лошо коњско месо во Европа го подметнувал како скапо телешко месо

Околу 66 лица се уапсени бидејќи е разбиен меѓународен ланец на илегална трговија со коњско месо ширум Европа, објави Европол вчера.

Криминалната мрежа е обвинета за продажба на евтино коњско месо како скапо телешко. Според изјава на претставник на Европол, месото не било за човечка исхрана и е третирано со анти-инфламаторни лекови кои се користат за животни.

Холандски трговец со месо, за кој се верува дека е шеф на таа криминална мрежа, е уапсен во Белгија, наведува Европол. Останатите 65 лица, кои сите се уапсени во Шпанија, се обвинети за измама и за престапи против јавното здравје.

Скандалот прво избил во јануари 2013 година, кога инспекторите за храна во Ирска нашле коњско месо во готови плескавици во ланецот на супермаркетот Tesco.

Во британските медиуми набрзо се појавиле наслови кога тестовите покажале дека месото продавано во супермаркети е до 100 проценти коњско месо.

Во летото 2016 шпанските власти за заштита на околината пронашле незаконитости во трговијата со коњско месо, кое е неадекватно означено и извезено.

Истрагата довела до холандскиот трговец со месо кој ја водел мрежата од Калпе во Алиценте, наведува Европол.

Истрагата ја водела шпанската полиција која соработувала со истражителите во осум земји.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …