среда , 28 јуни 2017
Vlada zaev

Реакција на Ромските НВО и активисти по однос на именување на заменици министри во Владата на Република Македонија

„Здруженијата на граѓани и активисти поддржувачи на оваа реакција го изразуваат своето незадоволство и разочарување од одлуката на премиерот Зоран Заев за распределба на заменици министри, бидејќи помеѓу именуваните заменици министри не е предложен ниту еден припадник на ромската заедница. Сметаме дека ваквата одлука директно ја доведува во прашање заложбата на оваа Влада за интеграцијата на Ромската заедница во општеството и особено пристапот на институциите и можноста на нас Ромите директно да учествуваме во одлучувачките процеси, и нашиот придонес во развојот на демократијата во нашата земја.

Иако оваа Влада отворено за време на кампањата искажа заложби за унапредување на состојбата на Ромите во Македонија, и поради тоа доби силна поддршка од страна на Ромската заедница, во пракса именувањето на само еден Министер без Ресор во Владата на Република Македонија креира чувство кај Ромската заедница дека состојбата на Ромите во Република Македонија се уназадува односно влошува. Овој потег веќе предизвикува реакции кај граѓаните од ромската заедница, и ќе кулминира во пресрет на локалните избори оваа есен.

Бараме претседателот на новата Влада да ја преиспита својата одлука по однос на распределбата на функциите во државата. Се надеваме дека во предвидените планови за инклузија на Ромите во општеството и во јавните институции, се предвидува назначување на Роми/ки на раководни функции во државните институции кои се од витално значење за унапредување на положбата на Ромите во Република Македонија. Очекуваме дека и нашите претставници во извршната власт и законодавна власт – Пратеникот Курто Дудуш и Министерот без ресор Самка Ибраимовски да реагираат на ваквата одлука и јавно да ги застапат интересите на Ромите пред институциите.

Партиципативниот пристап за решавање на горчливите проблеми со кои се соочуваат Ромите подразбира и консултација со здруженијата на граѓани, активисти и интелектуалци од Ромската заедница, како и наименување на Роми/ ки на раководни места во рамките на новата Влада. За таа цел, здруженијата на граѓани бараат средба со Ромските претставници од извршната власт како и премиерот Зоран Заев да ја образложат својатаа одлука за не-именување на Ром како заменик министер.
Веруваме дека искрениот дијалог и учество на сите заедници во одлучувачките процеси се приоритет на новата Влада.

Со почит и во очекување на одговор:
Ашмет Елезовски- Куманово;
Ханријет Исени- Скопје;
Елвис Шаќири- Тетово;
Алберт Мемети- Тетово;
Акиф Кариман- Тетово;
Љатифе Шиковска- Скопје;
Ремзи Медик- Битола;
Аида Ибраимовска- Кичево;
Агуш Демировски- Швајцарија;
Зоран Димов- Скопје;
Дилбера Камберовска- Куманово;
Ипек Усеинова- Делчево;
Дениз Исмаили- Тетово;
Тефик Џемилоски- Прилеп;
Селвије Мустафи- Тетово;
Селда Точи- Гостивар;
Ариф Пини- Гостивар;
Дехран Муратов- Скопје;
Метин Шаќири- Тетово;
Мерсел Џеладини- Гостивар;
Мануела Демир- Скопје;
Срџан Амет- Скопје;
Идриз Дурмиш- Скопје;
Ајсел Мемет- Скопје;
Мухамед Ајваз- Скопје;
Адем Мустафа- Тетово;
Сара Сејфула- Скопје;
Џијан Демировски- Куманово;
Орхан Демировски- Скопје;
Ениса Еминовска- Скопје;
Мирсад Јусуфи- Гостивар;
Ерсан Идризи- Тетово;
Мартин Демировски- Куманово;
Первине Исмаил- Скопје;
Дехран Бислим- Будимпешта;
Арифе Шаќири- Тетово;
Ерол Уко- Гостивар;
Елвис Хајдар- Скопје;
Тимотеј Милевски- Скопје;
Сеад Мемети- Тетово;
Самир Беќири- Тетово;
Елвис Кундевски;
Алмира Кагури- Дебар;
Реџеп Јашари- Тетово;
Ремзије Рустеми- Тетово;
Менекше Исени- Скопје;
Ирфан Мустафи- Тетово;
Наиле Шаќири- Тетово;
Деар Шаќири- Тетово;
Севим Шаќири- Тетово;
Селим Кариман- Тетово;
Елизабета Кариман- Тетово;
Шенџан Кариман- Тетово;
Меринда Кариман- Тетово;
Бујар Мисими- Тетово;
Рамуш Муарем- Скопје;
Сунај Биљали- Тетово;
Енес Биљали- Тетово;
Ахмет Јашаревски- Куманово;
Џенгис Мустафи- Тетово;
Дениз Селмани- Гостивар;
Игор Димов- Скопје;
Суад Скендери- Гостивар;
Шенол Јакупи- Тетово;
Илхан Куртиш- Скопје;
Емран Адеми- Скопје;
Мерита Мустафи- Тетово;
Неџо Осман- Германија;
Фатма Бајрам Аземовска- Битола;
Нешат Аземовски- Битола;
Сара Јашаровска- Делчево;
Салија Љатиф- Скопје;
Харис Јашаров- Делчево;
Ферди Мустафи- Тетово;
Севен Али- Штип;
Сабина Љатиф;
Роберт Криези- Скопје;
Рафета Криези- Скопје;
Ѓонул Алиова- Виница“

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …