среда , 26 јули 2017
cristiano-ronaldo-madrid

Реал без Роналдо доаѓа во Скопје

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, најверојатно, нема да биде во тимот на натпреварот од Супер Куп со Манчестер Јунајтед закажан за 8 август во Скопје, но треба да игра против Барселона во шпанскиот Супер Куп.

Португалскиот фудбалер се уште е на одмор, по долгата сезона и учество во Купот на Конфедерации во Русија, а според информациите објавени во шпанските медиуми, оваа недела ќе се врати во Мадрид и ќе биде подложен на медицински прегледи.

Роналдо потоа повторно ќе замине на одмор и на крајот на јули би требало да се приклучи на тренинзите на европскиот и шпански шампион.

Ова значи дека Роналдо ќе го пропушти натпреварот против Барселона на 30 јули во Меѓународниот Куп на шампиони, како и дуелот од Супер Купот во Скопје на 8 август, со Манчестер Јунајтед.

Се очекува дека 32-годишниот да биде подготвен за првиот натпревар на шпанскиот Суперкуп против Барселона на „Камп Ноу“, кој е закажан за 13 август. Реваншот е три дена подоцна во Мадрид.

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …