понеделник , 25 септември 2017
Златко Ристески - Џекчето
Златко Ристески - Џекчето

Рече и остана жив (5)

ЗЛАТКО РИСТЕСКИ: ЌЕ БИДАМ КРАТОК ПОРАДИ ВРЕМЕТО ДОЛГО

Златко Ристески - Џекчето
Златко Ристески – Џекчето

Пишува: Зоран Милошески

После двомесечна пауза, на страниците на РеволуционерМк повторно се враќа еден од „омилените“ ликови на нашите читатели, директорот на ЈКП „Комуналец“- Прилеп, Златко Ристески – Џекчето.

Овој пат ќе ви ја пренесеме неговата дискусија од 39. Седница на Советот на Општина Прилеп, одржана на 26.08.2015 година.

Излагањето на првиот човек на ЈКП „Комуналец“ и воедно прв братучед на прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, се однесува на тримесечниот извештај за финансиското работење на јавното претпријатие за периодот од 01.04.2015 до 30.06.2015 година.

За читателите кои по прв пат се среќаваат со ораторските вештини на Златко Ристески – Џекчето, потенцираме дека дискусиите на првиот човек на ЈКП „Комуналец“ се преземени од официјалниот записник на Советот на Општина Прилеп и истите ги објавуваме во интегрална форма, без никакви интервенции во текстот.

Своето обраќање пред членовите на општинскиот Совет, Ристески го започна на следниот начин:

„Ќе гледам да бидам краток поради времето долго, значи конкретно ќе одговорам. Да во добивка сме колку што е пишано. Да имаме…точно е собирањето и многу добро собира, тоа собирањето се сложувам дека во ред е сето. Имаме зголемени приходи, субвенции викате, вероватно еднаш ќе научите дали се субвенции или завршена работа. Ама можи секој да се учи и додека оди во пензија ќе се научи и тоа значи дека нешто е сработено. Вие имавте Програма лани, ја усвоивте и таму има цени пишано. Тоа што сме одлучиле да биде двосистемско финансирањето за тие улици косење, тоа е двосистемско и тоа е дел од Општината и дел од граѓаните. Тоа е одлука наша заедничка и сите тие работи“, кажа во своето воведно излагање директорот на прилепски „Комуналец“.

Тешко е да се каже која е поентата на обраќањето на Ристески од говорницата на општинскиот Совет, па од тие причини оставаме читателите сами да проценат што сакал да каже „авторот“:

„Значи и во нашите ставки во аналитиката ако ги видите колку се тие пари многу и мислам по субвенции што доби тие по Програма се пуштени по ситуација. Во кварталните пишува ситуација за метење, ситуација за паркови, соберете ги тие се тие пари пуштени врз база на ситуација – извршена работа по ценовник или по оперативниот план каде што има пишано цени. Субвенција знам досега, можеби ќе се научам до крајот дека е нешто друго, на сработено да дадеш пари, добро. Одиме кантите, точно е, немаме порачано канти. Сне во размислување, влезено е во размислување, меѓутоа порано ми викавте 220-ката 48 милиони беше, тогаш ви викав инвестиции имаме и затоа 48 милиони денари, па го пропаѓавте тогаш јавното претпријатие. Сега не држам, не пуштам инвестиции, сега па нема инвестиции. Ај и тука ќе се размислам што треба да правам. Да размислуваме, тој проект е страшно добар, предвиден е“, рече Ристески.

Внимание заслужува и „стручното“ објаснување кое првиот братучед на прилепскиот градоначалник го даде по однос на причините поради кои комуналното претпријатие во кварталниот извештај прикажало потрошени средства на име судски трошоци:

„Втората примедба беше во врска со… тоа се некои фирми што не сме им платиле нѐ дале на суд, секако кога не ќе платиш на време ќе си ја платиш каматата, тоа е, или кредит земаш да платиш или се спогодивме судско и ги плативме тие. Малце ќе изгубевме, тоа е секаде така. Ако не ја платиш таа камата треба од банка да земеш кредит па, банката чиста била, и таму е кредит плаќаш камата, тоа е тоа, тоа се за то тие пари“.

Освен ораторските, на крајот на излагањето до израз доаѓаат и математичките вештини на директорот на ЈКП „Комуналец“:

„Каматите, да, знаете дека нѐ тужат за К-15, за новогодишни награди, за одмори, меѓутоа, ги исплативме. Сега редовно ги плаќам, се стабилизира тоа. Ма да јас еве, човек, независно од ова не сум за К -15, не сум за новогодишни награди. Ако има пари да се оди на зголемување на бодот, тоа е тоа, меѓутоа, тоа е законски дел и тоа е. Али тужат 50 души, 350 души не тужат, поштени се и коректни и тие се свесни, тоа е тоа, одиме на побарувањата. Побарувањата се 99 и претежно тука се луѓе тие и кога дојдов ги начекав јас беа 99. И еве јас 10 години 10% ненаплатливост, 10 години тоа ти се 100%. Приходот на подигање и собирање на отпад е околу 100 милиони годишно. Сѐ имаме тужено, меѓутоа, што 2006, 2007 година тоа што споро ги работат. Битно е сѐ што е тужено, сѐ што е дојдено од суд, раскнижено е, значи ги отпишуваме тие средства. Тоа е тоа во оваа програма овдека што ја гледате. Исто така и ние редовно сервисираме и наплатата е над 90%. Толку, фала, ви благодарам“, рече на крајот на своето обраќање пред членовите на општинскиот Совет Златко Ристески – Џекчето, човекот кој 10 години е директор на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.  

——————————————————————————————————————-
Поврзано:
Рече и остана жив
Рече и остана жив (1)
Рече и остана жив (2)
Рече и остана жив (3)
Рече и остана жив (4)

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …