вторник , 26 септември 2017
erdoganRace-540x320

Речиси 70 отсто од Турците се плашат од Ердоган

erdoganRace-540x320Речиси 70 отсто од Турците чувствуваат страв од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на резултати од анкета на агенцијата „Гезиџи“.

Според анкетата, 68,5 отсто од испитаниците рекле дека се плашат од Ердоган, додека процентот на оние кои не чувстуваат страв од шефот на државата изнасува 25,5 отсто.

– Тоа значи дека двајца од тројца турски граѓани чувствуаат страв од Ердоган. Ако прашате некој Французин дали се плаши од претседателот Франсоа Оланд, најверојатно ќе ви одговри: „не го разбирам прашањето“, наведува „Хириет“.

Според весникот, друг интересен податок од анкетата е дека 46 отсто од Турците сметаат дека одговорни за неодамнешниот напад во Анкара се групата Исламска држава, турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и самиот Ердоган, додека 38 порценти вината ја гледаат во кудската Демократска партија на народтите (ХДП) и илегалната милитантна Курдска работничка партија (ПКК).

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …