вторник , 24 октомври 2017
liverpul

Реми на Ливерпул, Реал и Сити убедливи

Во осумте натпревари од четирите групи Е, Ф, Г и Х од Лигата на шампиони беа постигнати 26 гола.

Бранителот на титулата Реал Мадрид имаше лесна задача против АПОЕЛ и славеше со 3-0. Кристијано Роналдо постигна два гола, првиот во 12. минута на асистенција од Герет Бејл, а вториот во 51. минута од пенал. Португалецот стана единствениот во историјата со 12 постигнати пенали во најелитното натпреварување. Еден гол помалку има Лионел Меси.

Серхио Рамос го даде третиот гол за кралскиот клуб во 63. минута со ножички.

Ливерпул одигра 2-2 против Севилја. Гостите поведоа во 5. минута преку Бен Једер, изедначи Фирмино по дваесет минути игра, а Салах во 37. минута погоди за целосен пресврт. Фирмино не реализира пенал за „црвените“, а казната на спротивната страна стигна преку Кореа во 72. минута.

Манчестер Сити ја наполни мрежата на Феенорд совладувајќи го со 4-0. Головите за „граѓаните“ беа дело на Стоунс (два), Агуеро и Габриел Жесус.

Бешикташ го изненади Порто на негов терен и триумфира со 3-1. Душко Тошиќ си постигна автогол во 21. минута, а турскиот клуб се радуваше благодарение на головите на Талиска Тосун и Рајан Бабел.

Словенечки Марибор дојде до голем бод против Спартак Москва (1-1) по меч кој ќе остане забележан по тепачката меѓу навивачите на Марибор и полицијата.

Минатогодишниот полуфиналист Монако одигра 1-1 со Лајпциг, Шахтјор беше поуспешен од Наполи со 2-1, а Тотенхем ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1 со два гола на Хари Кејн.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …