понеделник , 21 август 2017
senat-sad-860x680

Републиканците не можат да обезбедат мнозинство за укинување на „Обамакер“

Републиканските нацрт-реформи во здравствениот систем на САД повторно се блокирани поради несогласување меѓу членовите на републиканското мнозинство во Горниот дом на Конгресот. Ова, како што оценуваат агенциите, е уште еден удар за американскиот претседател Доналд Трамп, кој во текот на изборната кампања ја ветуваше реформата.

Двајца сенатори вчера изјавиле дека нема да ги поддржат реформите, со што вкупно четворица од 52 републикански сенатори се против, додека за усвојување на реформите е потребно мнозинство од 50 гласови.

Трамп неодамна побара од претставниците во Конгресот да постигнат договор за измена на законот за здравствена заштита што во 2010 година го донесе неговиот претходник Барак Обама, познат како „Обамакер“ (Obamacare).

„Републиканците треба прво да го укинат „Обамакер“ и да тргнат од почеток во разгледувањето на новиот план“, напиша Трамп на „Твитер“.

Според анкетите, половина од американските граѓани сакаат „Обамакер“ да остане на сила, додека за предлогот на републиканците се околу 24 отсто од испитаниците.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …