вторник , 26 септември 2017
natprevar dzudo 1

Резултати од Меѓународниот традиционален турнир во Џудо „Прилеп Град Херој-2015“

natprevar dzudo 1
На 11.10.2015 Недела во Прилеп спортска сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ се одржа 7-ми Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо „Прилеп Град Херој-2015“ за Пионери и Кадети во Машка и Женска конкуренција. Турнирот беше во Организација на Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп на кој учество зедоа вкупно 165 натпреварувачи од 13 клубови од Македонија, Бугарија и Косово. Борбите се одвиваа во фер и коректна атмосфера а трибините на спортската  сала беа исполнети со љубителите на овој спорт.
Џудо Клубот „СЕИШИН“ – Прилеп зеде учество со 20 натпреварувачи при што освоени се 13 медали (4 златни, 4 сребрени и 5 бронзени).
Пионери:
– Никола Магдески -30 кг. 1-во место
– Јован Најдоски + 73 кг. 1-во место
– Марио Цинцароски +73 кг. 2-ро место
– Марко Тодорчески -34 кг. 3-то место – Бојан Синадиноски – 42 кг. 3-то место – Валентин Димитриоски -50 кг. 3-то место – Давид Везенкоски – 66 кг. 3-то место -Бојан Пашоски -73 кг. 3-то место
Пионерки:
– Теодора Тасеска – 32 кг. 2-ро место – Михаела Пешталеска – 57 кг. 2-ро место
Кадети:
– Мартин Тодорчески -60 кг. 1-во место
– Диме Ивчески – 60 кг. 2-ро место
Кадетки: -Александра Најдоска +70 кг. 1-во место Стручниот штаб на клубот СЕИШИН е задоволен од остварените резултати а пред се со успешната организација на 7-от  Меѓународен Турнир, при што оваа прилика ја користи да се заблагодари за присуството на сите клубови, натпреварувачи, гости како и на сите кои помогнаа да се одржи овој настан.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …