вторник , 26 септември 2017
lence

Ристовска : Државна институција одбива да спроведе судска наредба

– Ние се убедуваме со УБК да ни дадат достап до податоци што е преседан до сега – државна институција одбива да спроведе судска наредба и бара изговори зошто таа не може да се спроведе.

За наше непријатно изненадување утрово дознавме дека во МВР се воведени посебни мерки за влез и беше оневзоможено да влезат нашите колеги за да ги заменат колегите кои ноќта ја поминаа во УБК – рече Ристовска.

И на обвинителката Катица Јанева и обвинителите кога отишле утрово да ги заменат колегите кои ја поминаа ноќта во УБК не им дозволен влез некое време.

 – Ние треба да ја спроведеме судската наредба и нејзиното спроведување е задолжително особено што предмет се податоци кои се од исклучителна важност.

Таа објасни дека синоќа прво бил направен обид на мирен и културен начин да се најде механизам на соработка со УБК. Таа верува дека отпорот од УБК ќе продолжи и вака ќе биде и во наредните денови се додека не се најде механизам.

– Очекуваме во текот на денот да дојдат во земјава двете лица кои управуваат со системот и да пристапиме во делот на прибавување податоци од системот на следење комуникации – рече Ристовска.

Таа се надева дека бараните податоци нема да бидат уништени во меѓувреме.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …