среда , 20 септември 2017
никола карев

Родители до директорката на гимназијата Никола Карев: Одете си од гимназијата и припремајте се само за вечерните протести !

Писмо на родители чии деца се ученици во Гимназијата Никола Карев од Скопје, писмото го пренесуваме интегрално.

Свесни за последиците од ова наше писмо, одлучивме ние, група родители на ученици од гимназијата Никола Карев од Скопје, да се обратиме до сите родители, ученици, идни родители и идни ученици, да кажеме што се случува во оваа гимназија која одамна го изгуби својот рејтинг и нема кој тоа да го каже и да придонесе да нешто се поправи во интерес на нашите деца.

Нажалост, слушнавме и видовме на телевизија како размислува директорот на прилепската гимназија, слушнавме и видовме каков одговор дава директорот на Водовод од Скопје. Ни доаѓа да врискаме, но нема кој да не чуе. Луѓето не се криви, од нив направиле марионети какви ги нема во светот. Одговорен бил директорот на Водовод само на Коце Трајановски. Па, точно е бре луѓе мои, точно е. Тој мора да прави се како ќе му каже Коце. Сега ни е кристано јасно, зошто директорката на гимназијата Никола Карев се однесува толку ноншалантно како да цел свет е нејзин. Затоа што одговара само пред Коце Трајановски.

Си ја зела чистачката Даниела да и чисти дома без пари, а сега истата заслужила да биде администратор со над 17.000 ден. плата. Кој им е крив на другите чистачи што не знаат како да заслужат и како да се однесуваат. Само се прашуваме кој и даде согасност за ново работно место во овој период, а кој дал согласност за да дојде нова чистачка на нејзино место, која за краток период од 2-3 месеци добила преместување во влада. Не знаеме кај кого ова да го пријавиме, макар да сигурно и ова со аманет на Коце.

Ја бараме директорката пред еден месец за да се информираме повеќе во врска со екскурзијата за трета година. Ја нема, и бил болен родителот. Добро.  Одиме следната недела, ја нема, и починал родителот. Во ред. Одиме два пати следната недела, ја нема, жали за родителот. Знаејќи дека претходн тешко можете да ја најдете, ништо не не чуди што ја нема. Само се прашуваме? Дали зеде боледување од приватни причини за три недели отсуство? Дали на вработените им дозволува да отсуствуваат по три недели за домашни проблеми, или нивната жалост  за родителот не е иста како нејзината?

Дали знае зошто уште во прва година има рекорден број на изостаноци? Дали знае дека матурантите не и се во училиште( со исклучок на 7-8 ученици во паралелка)? Дали знае дека во гимназијата наголемо се користи дрога и дека секој однадвор може да влезе во сала или во некоја училница без да биде забележан. Не знае, или се прави дека не знае, затоа што единствено и е важно Коце Трајаноски да знае дека навечер директорката Елизабета Ставреска Марковска е на протести за да ја брани Македонија. И згора на се, убаво се чувствувала таму на протести, се ралаксирала, се тешела и задоволна е.

Така да, кога конечно решила да навратува во школо.кога и кажале за хаосот со учениците и дека веќе никој не може да ги контролира,  да покаже колку се грижи за своите ученици,  веднаш предложила казна за  оние нередовните и неодговорни ученици кои имаат повеќе неоправдани изостаноци, да одат на класен испит, а оние од трета година да не одат  и на екскурзија.

Зошто директорке, минатата година не го дадовте овој предлог и не го казнивте Валентин Манасиевски да не оди на екскурзија, туку сега сте го предложиле за класен испит а добро знаете дека никој професор нема да го остави ученикот да изгуби четврта година, па макар бил тоа и Валентин кој е главен на вмровските протести и ваш пулен кој тоа му го дозволува.

Не директорке, вие треба да бидете казнети и да си заминете од школото,од причини кои на сите им се познати, и на учениците и на родителите и на вработените.

  1. Во училиштето сте само на поминување
  2. Ваша единствена задача е да ги штитите учениците, да ги организирате за притести, да се грижите да не изгубат година,затоа што и тие како вас сте во служба на партијата
  3. Го упропастивте училиштето затоа што не сте способни а не знаете изгледа да изберети и заменик кој ќе ве покрива и ќе ве замени а не само да каже дека не сте тука. Училиштето е во хаос.
  4. Јавна тајна е дека земате 10% од цената на сите екскурзии што е и причина што одите само со агенцијата од Струга, Балкан нет, која чудно но секогаш има најдобра понуда, или во Македонија одите со агенцијата на училишната секретарка Бисер, која исто така дава најдобра понуда во затворен плик. Како поинаку да го пртолкуваме фактот дека пред две години со истата агенција учениците не само што не беа задоволни, туку агенцијата не им врати на децата по 300 ден.(околу 250 ученици), Минатата година се случи истото кога оваа агенција ги однесе децата да спијат во Хостел, но бил реновиран, ве молам.(а ние знаеме кои се цените по хостелите во Европа). Да не се враќаме наназад. Во оваа понуда оваа година нема посета на ниту една знаменитост, се само разгледи од автобуси или околу знаменитости. Таму ли ќе ги собирате парите за влезници. Зошто тогаш се плаќаат по 200 евра и повеќе?

Но, повторно проблеми а овој пат пред тргнување а веќе сите деца платиле. Повторно проблеми со истата агенција, хотел немало резервирано, а веќе е платено на агенцијата. Екскурзијата можело да се откаже. Не вознемиривте и нас родителите и децата пред празник. И наместо да ја откажете агенцијата за вакви работи вие ги собирате класните раководители и Училишен одбор за да се скриете позади нив и пак да ја истуркате екскурзијата со истата агенција. Истата екскурзија може да се организира и за околу 30% пониска цена, но не ви одговара. Како не се срамите. Зар мислите дека сме толку наивни? Сакаме да знаеме каде ќе спијат децата и колку кошта за еден човек па да ви поверуваме дека стварно е толку скапо. Прекинете веќе еднаш да не крадете со агенцијата.

Ние ги искористивме празнициве и се заинтересиравме во Струга за оваа агенција и не бевме изненадени. Газдата, познат член на ДПМНЕ и заслужен што е многу битно, последниве 6-7 години е многу успешен бизнисмем, и се разбира многу способен и паметен па спечалил и неколку познати хотели но не рабравме каде а и тоа ќе го разбереме. Во Скопје имала канцеларија во Лептокарија која работела само додека се организира екскурзијата.

Е па директорке, да ви е јасно и да ви служи на чест дека им ги земате сендвичите на децата. Не е тешко да се пресмета вашата провизија. Околу 250 ученици, по 1.200 ден. од дете.  Ние родителите и со позајмени пари и со кредитче ќе ги испратиме нашите деца и ќе ги наградиме за нивното учење,нема да ги издвоиме од другарите, но не сакаме некој да си игра и со нив и со нас и да ги воспитува во погрешна насока.

Одете си од гимназијата и припремајте се само за вечерните протести, оставете ни ги децата иако ви носат голема заработувачка. Тие се навикнати без вас, барем никој да не ги користи.

 

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …