петок , 22 септември 2017
ROMA SOS

Рома СОС апелира институциите да ги утврдат причините за смртта на тригодишното девојче од Прилеп

ROMA SOS
Тригодишно девојче утрово во 7.30 часот без знаци на живот беше однесено на Одделението за детски болести при Ј.З.У. Општа Болница Борка Талески Прилеп.

И по кардиоанимацијата на детето кое на телото имало мртовечки пеги, што асоцира на претходно настаната смрт,  смртта била потврдена од лекарите во одделението.

Малата А.Ќ. претходниот ден, 07.10.2015 околу 15.30 часот поради влошена здравствена состојба со сомневање и симптоми на труење од храна бидејќи во вторникот вечерта јадела сендвич од локална кафеана, по упат од матичен лекар била амбулантски примена на Одделението за заразни болести при ЈЗУ Општа болница Прилеп.

На одделението за заразни болести направени се лабораториски испитувања и утврдена дијагноза труење  од храна. По примање на терапија во одделението, од страна на лекарот кој ја примил, било утврдено дека е во подобра здравствена состојба и се препишала терапија за дома, препорака за исхрана и контрола по потреба.

Телото на малолетната А.Ќ е задржано во Општата болница во Прилеп, а за случајот веднаш е информирано Основното Јавно обвинителство во Прилеп, по што издаден е налог за вршење обдукција и утврдување на причините за смртта. Според информациите од обвинителот се очекува во текот на утрешниот ден да започне спроведување на обдукцијата, од причина што постапката треба да биде извршена од надлежни лекари од Битола.

РОМА С.О.С како здружение кое работи на остварување и заштита на правата на Ромите АПЕЛИРАМЕ до сите надлежни институции, посебно Основно Јавно Обвинителство да преземат дејствија согласно нивните надлежности за најбрзо утврдување на причините на смртта,односно завршување на обдукцијата и изготвување на Обдукционен наод,  со цел родителите да може да го земат телото на А.Ќ да ги завршат религиозните обреди, а доколку се утврдат пропусти во текот на лекување да се преземат мерки за одговорност на виновниците  и да се поднеси кривична пријава.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …