сабота , 21 октомври 2017
ROMA SOS

РОМА СОС: Загрижени за се поголемиот број на смртни случаи – родилки –

nesime press
Здружението РОМА С.О.С. од Прилеп ја изразува својата сериозна загриженост за случајот на 21 годишната родилка Симона Блажеска која починала рано изутринава на одделението за гинекологија и акушерство при Општа болница Прилеп, односно 12 часа по “успешно изведениот пораѓај” околу 13.00 часот во текот на вчерашниот ден, а како резултат на обилно крварење.

Јавното Обвинителство постапило по службена должност и ќе се чекаат дополнителни информации откако се спроведе обдукцијата.

Изразуваме жалење за загубата на семејството и апелираме до надлежните институции во најскоро време да ги утврдат точните причини за смртта, а притоа  да се побара одговорност од сторителите на “грешката”.

  1. “успешно изведениот пораѓај” – во 2010 година три родилки за период од три месеци починаа од сепса по што следуваа сериозни зафати за реконструкција на оддлелението и подобрување на условите за пациентките и нивните новороденчиња. Сите обвинети лекари завршиле со ослободителна пресуда, условна или парична казна, а на ниту еден лекар не му е одземена лиценцата или работото место. Во меѓувреме починаа и неколку новороденчиња под сомнителни околности кои не беа доволно актуелизирани во јавноста, а во 2014 година во период од неколку месеци гинеколошкото одделение „остана“ без лекари-специјалисти, кога гинеколозите од Битола ја прекинаа соработката со болницата, а родилките беа препраќани за породување во Општина Битола. 
  2. “грешката” – се случува и ќе се случува се додека здравствениот систем ни нуди здравствена заштита и услови каде смртните случаи настануваат од непознати причини и околности.

Иако нашето здужение во својата работа се залага за остварување на правата од здравствена заштита на ромската популација, ќе го мониторира и овој случај преку јавно достапните информации и постапки на институциите, со оглед на тоа што проблемот е системски и во континуитет се повторува веќе шеста година.

Вредноста на човечкиот живот не се мери според разлики и определби, а со оваа трагедија сите сочуствуваме, па затоа на семејството им ја нудиме својата консултативна поддршка доколку за тоа имаат потреба.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …