вторник , 26 септември 2017
ronaldokopacka

Роналдо до крајот на кариерата останува во Реал

ronaldokopackaНајдобриот стрелец во Европа, Кристијано Роналдо денеска изјави дека неговата кариера ќе заврши во Реал и планира уште пет-шест години да игра за мадридскиот клуб.

– Мојата желба е да ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Ако се штедиш можеш да играш до 40-тата. Мојата цел е да играм уште пет или шест години на ова ниво, изјави Роналдо за „Марка“.

Тој во Реал дојде 2009 година од Манчестер Јунајтед, а договорот со „кралскиот клуб” му истекува во 2018 година.

– Се чувствувам добро и корисно во Мадрид и сакам да продолжиме да победуваме, додаде 30-годишниот Португалец.

Роналдо вчеравечер на церемонија во Мадрид ја доби рекордната четврта „Златна копачка“, а минатиот месец стана најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …