понеделник , 25 септември 2017
154456_703411_rossi_sengak-600x320

Роси: Маркез ми ја зема титулата

154456_703411_rossi_sengak-600x3209-кратниот светски шампион Валентино Роси, изјави дека потегот на Марк Маркез го чинел титула по инцидентот кој го имаа на трката за Големата награда на Малезија.

Двајцата водеа голема борба, по која Маркез излета од патеката.

Стјуардите востановија дека бранителот на титулата имал намера да го поремети ритамот на Роси, кој наседнал на провокацијата и сакал да го натера својот ривал да вози прешироко, а тогаш дошло до контакт.

Роси го зазема третото место на претпоследната трка во овогодинешното Мото ГП издание, но на затворањето во Валенсија, на 8 ноември, ќе стартува од последната позиција како казна.

„Маркез денеска го потврди она што го најавив во четвртокот. Успеа и јас ја загубив титулата. Не сакав да излета, тоа не беше моја намера, само го допрев бидејќи тој прв тргна кон мене со кацигата. Се допревме, но не е вистина дека јас го сторив тоа без причина. Тој со моторот ја допре мојата нога. Мислам дека ова е лош исход за сите. Ќе беше добро да се борев со Лоренцо, но Марк одлучи дека мора сам да ја решава ситуацијата”, нагласи Роси, кој пред последната трка има седум бода повеќе од Лоренцо.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …