понеделник , 25 септември 2017
rozova trka

Розева трка во Крива Паланка

rozova trka
Со трки на три и пет километри на сите хумани ентузијасти од земјава денеска во Крива Паланка се одржа втората „Розева трка“, во организација на Здружението за заштита на маргинализирани групи „Pink Support“.

Годинашната трка се одржа под мотото „Трчај за Јоце“, а собраните средства се наменети за третман со матични клетки на Јоце Блажевски, кој боледува од церебрална парализа, во Москва.

– Здружението за заштита на маргинализирани групи „Пинк Суппорт“ ја продолжува традицијата за промоција на хуманоста и доброчинството, а „Розевата трка“ е еден од начините за имплементација на оваа цел. Денес општина Крива Паланка е домаќин на трката, на која учествуваа педесетина атлетичари, ентузијасти, хуманисти, на мое огромно задоволство. Особено сум горда што настанот наиде на поддршка и од локалната самоуправа и од локалната заедница, воопшто, изјави Мариа Дибиаџио.

Стартната позиција на „Розева трка 2015“ беше плоштад Карпошово востание, а на иницијативата со дваесетина учесници се приклучја и „Macedonian bike riders“ кои возеа стокилометарска тура Скопје – Крива Паланка и пристигнаа на стартот на трката.

Дибиаџио истакна дека особено важно е што Јоце Блажевски, кому му е наменета трката, беше присутен со своето семејство на настанот, а, како што рече, сите хумани луѓе покрај тоа што со своето присуство го збогатија и омасовија настанот, можеа и непосредно да му ја искажат и својата поддршка.
Свој придонес во хуманата мисија на „Розева трка“ со донации и ревијално учество дадоа и Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, „Веибо груп“, Крива Плаанка и учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“.

Пред трката своја точка за загревање одржа Елена Убало, а по завршувањето на настанот присутните се забавуваа со зумба и инструктор Тања Блажевска, сестра на Јоце Блажевски.

Розева трка 2015 е поддржана од општина Крива Паланка, неколку локални правни и физички лица од Крива Паланка, а покровител на настанот е „Ди Биаџио“ Њујорк.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …