недела , 22 октомври 2017
rumenige-701x467

Румениге до Левандовски: Ќе мора да се соочиш со мене

Претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, го критикуваше најдобриот стрелец во тимот, Роберт Левандовски, поради неговите неодамнешни коментари поврзани со клупската трансфер-политика.

Полскиот репрезентативец неодамна изјавил дека во моментов парите и успесите се многу поважни од лојалноста кон клубот и истакнал дека жали поради тоа што германскиот гигант финансиски не сака да се носи со екипи кави што се Барселона и ПСЖ.

„Тој се жали, доколку јас добро ги разбирам изјавите. Лојалноста кон клубот е најважна и за нас и за навивачите. Одамна имаме воспоставено сериозна и успешна филозифија“, рекол Румениге, кој нагласил дека ќе поразговара со Левандовски во врска со неговите изјави.

„Секој оној кој јавно ќе го критикува клубот, тренерот и членовите на тимот ќе мора да се соочи со мене лично“, нагласил Румениге за „Билд“.

Од друга страна, еден од легендарните играчи на Баерн, Штефан Ефенберг, побара од полскиот фудбалер да си замине од клубот.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …