вторник , 26 септември 2017
obedineti-nacii-nadvor-685x320

Русија бара од ОН нова истрага за соборување на авионот МХ17

obedineti-nacii-nadvor-685x320Шефот на руската агенција за воздухопловство, Олег Сторочевој побара денеска од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство да отвори нова истрага за минатогодишното соборување на малезискиот авион на летот МХ17 над источна Украина.

Сторочевој изјави дека Москва категорично не се согласува со резултатите од холандското истражување и ја повика Агенцијата за цивилно воздухопловство на ОН да интервенира.

Тој доказите, кои вчера беа претставени ги нарече „неосновани и пристрасни“.

Холандскиот Одбор за безбедност во завршниот извештај, објавен во вторникот наведе дека авионот е соборен на 17 јули минатата година со БУК ракети земја-воздух, кои се истрелани од подрачјето под контрола на проруските сепаратистички бунтовници.

Две третини од 298 загинати лица беа Холанѓани, поради што Холандија ја презеде истрагата.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …