вторник , 26 септември 2017
ministerstvoNadvoresniMoskva-540x320

Русија ќе се придржува кон ставот за партнерство со САД

ministerstvoNadvoresniMoskva-540x320Русија ќе се придржува кон ставот за партнерство во решавање на проблемите кои се појавуваат и покрај несогласувањата со САД за серија меѓународни прашања, изјави вчера портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, јави ТАСС.

– Нема да биде исправно доколку кажеме: „Ќе одиме понатаму без вас“. Нема да бидеме спречени да кажеме дека вратата е отворена и дека треба да работиме заедно, бидејќи да ги делиш проблемите на свои и странски е пат, кој води до слепа улица, рече Захарова.

– И покрај сите несогласувања со Американците, и покрај тоа што Вашингтон ни поставуваше секакви препреки во однос на Украина и за други прашања, ние ќе кажеме и ќе продолжиме да кажуваме: Да работиме заедно, додаде таа.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …