недела , 22 октомври 2017
Moscow-Russia-st-685x320

Русија уништи 290 тони увезена храна

Moscow-Russia-st-685x320Руската Служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Росељхознадзор“ соопшти дека денеска се уништени 290 тони прехранбени производи, кои се опфатени со санкции, а одземени се 407 тони храна.

Декретот за уништување храна, опфатена со ембарго, денеска стапи во сила. Овој документ е потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Производите увезени во Русија и опфатени со ембарго можат да бидат уништени на кој било начин согласно еколошките регулативи.

Неколку западни земји, вклучувајќи ги САД и членките на ЕУ, неколку пати воведоа санкции против Русија поради нејзиното наводно учество во кризата во Украина. Москва, која ги негираше таквите тврдења, одговори со забрана за увоз на храна од земјите кои ги воведоа санкциите.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …