сабота , 23 септември 2017
suhoi

Во руските воздушни напади, уништен главниот центар за обука на ИД во Сирија

suhoiРуски борбени авиони во изминатите 24 часа извеле 33 воздушни напади врз 49 цели на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, јавуваат светските агенции.

Конашенков соопштил дека бомбардери од типот „сухој Су-25“ во два од нападите го уништиле главниот центар за обука на милитантите на Исламска држава (ИД), кај градот Латакија, користејќи бомби со голема експлозивна моќ.

Во нападите, додал портпаролот, биле уништени и два командни центри на ИД, три склада за оружје и за муниција, 32 лансирни позиции, два подземни бункери и еден објект за производство на проектили.

Според министерството за обрана на Русија, во нападите биле гаѓани цели во провинциите Алепо, Идлиб, Латакија и Хама.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …