вторник , 26 септември 2017
sad

САД ГО СТЕГА ОБРАЧОТ: Ќе се проверуваат и профилите на Фејсбук ако сте кандидат за виза

Американскиот Стејт департмент предлага построги правила за издавање на виза. Тие ќе важат за кандидати за кои се смета дека е потребно дополнително набљудување, станува јасно од документ на департманот, објавен доцна во четвртокот, јави Ројтерс. Новите правила се во склад со желбата на претседателот Доналд Трамп за „екстремна студија“ на кандидати за американска виза, со цел превенција на терористички напади.

Дел од новите критериуми ќе се и прашања поврзани со активностите во социјалните медиуми, како и целосен пристап до профилите на кандидатите.

Новите правила ќе влијаат на околу 65 000 луѓе годишно, или 0,5% од кандидатите за визи од целиот свет, пресметале од Стејт департментот. Не се споменати, меѓутоа ниту конкретни држави, ниту националности.

Целиот сет од дополнителни прашања кои се предвидени за кандидатите разбуди сомневања.

Овие кандидати ќе треба да ги обезбедат броевите на сите претходни пасоши, пристап до содржината на профили на социјалните мрежи за 5 години наназад, е-мејл адреси и телефонски броеви, како и биографски информации за последните 15 години од својот живот, кога аплицираат за американска виза .

Конзуларните служби на САД во светот нема да бараат лозинки на кандидатите за профилите на социјалните мрежи, туку само пристап до информациите од профилите.

Од кандидатите за виза може да се побараат и дополнителни информации за патувањата, ако биле во зони кои се сметаат под оперативна контрола на терористички организации.

Предложените измени треба да поминат преку јавна расправа пред да бидат одобрени или одбиени од претседателската администрација.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …