недела , 22 октомври 2017
hemisko-oruzje-maska

САД и Русија се договорија за предлог-резолуцијата за хемиските напади во Сирија

hemisko-oruzje-maskaСАД и Русија постигнаа договор за предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, која има за цел да ги идентификува лицата кои се одговорни за хемиските напади во Сирија и истите да бидат изведени пред суд.

СБ најверојатно утре ќе гласа за американската предлог-резолуција, со која се бара од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и од Светската организација за борба против хемиските оружја да состават екипа истражители, која ќе утврди кој е виновен за нападите со гас во Сирија, посочи неименуван дипломат.

Откако ќе бидат идентификувани виновниците за хемиски напади, 15-члениот СБ може да преземе дејствија.

Договорот меѓу Москва и Вашингтон бил постигнат на средбата во Малезија меѓу шефот на руската дипломатија и американскиот државен секретар, Сергеј Лавров и Џон Кери.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …