вторник , 26 септември 2017
toma-fabius-540x320

САД издадоа налог за апсење на синот на шефот на француската дипломатија

toma-fabius-540x320
Синот на францускиот министер за внатрешни работи Лоран Фабиус, Тома им должи 3,5 милиони долари на повеќе казина во Лас Вегас, долг што го направил истата ноќ кога неговиот татко во Париз беше наначен за шеф на француската дипломатија.

Поради ова, како што јави дописникот на МИА од Париз, во САД е издаден налог за апсење на Фабиус помладиот.

Ако Тома Фабиус (33) стапне на американска територија, веднаш ризикува да биде уапсен, поради долгот направен во три казина во Лас Вегас во текот на ноќта меѓу 15 и 16 мај 2012 година, кога со чекови без покритие во износ од 3,5 милиони долари (3,2 милиони евра) купувал жетони во казината.

Користејќи чекови од италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“, тој во казиното „Палазо“ напишал три чекови, едниот од 200.000 долари, вториот од 409.000 и третиот од еден милион долари. Во „Ариа Ресорт & Казино“ оставил пет чек од банката „Сосиете Женерал“ – два од по 300.000 долари, два од по 100.000 долари и послендиот од 200.000 долари. На крајот во казиното „Космополитен“, Тома Фабиус оставил еден чек од 900.000 долари, знаејжи дека тие не ќе можат да бидат наплатени, стои во тужбата поднесена против него.

Ова не е прв проблем со синот на шефот на француската дипломатија, тој веќе е осуден за злоупотреба на доверба со казна од 15.000 евра од кои 10.000 условно.

Оваа казна тој требаше да ја плати во Париз, откако призна дека ненаменски потрошил 90,000 евра кои му биле предадени за кофинансирање на еден проект за електронски чипови. Во таа прилика тој ја призна вината, со цел да избегне судски процес, откако ја прифати казната.

Начинот на живеење на Тома Фабиус често се наоѓа во францускиот печат, посебно што тој не се совпаѓа со неговите приходи. Тој, заедно со уште неолкумина други лица е под судска истрага отворена против непознат сторител во Франција во јуни 2013 година за „употреба на лажни документи“, измама и перење на пари. Оваа истрага е отворена за да се расветлат движењата на неговата сметка на големи суми пари.

Тома Фабиус го привлече вниманието откако во 2012 година купи стан во вредност од седум милиони евра во Париз, а истовремено тој не подлежи на плаќање данок. Оваа трансакција беше сигнализирана од финансиската-даночна полициска управа.

Во јули 2014 година тој беше уапсен во Париз, откако одбил да запре пред полициска патрола, по што поминла и на црвено светло. Полицијата по кусата потера го проведе, но веднаш по апсењето и сослушувањето беше ослободен.

Неволјите на Тома Фабиус, ги искористи и есктремно десничарската партија Национален Фронт, која денеска побара неговиот татко Лоран Фабиус да поднесе оставка на функцијата министер за надворешни работи на Франција.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …