сабота , 21 октомври 2017
id-flag-540x320

САД му предлагаат на Узбекистан да се приклучи кон коалицијата против ИД

id-flag-540x320САД му предложиле на Узбекистан да се присоедини кон меѓународната коалиција, предводена од Вашингтон, во борбата против Исламска држава (ИД).

Според официјален Вашингтон, поранешната советска република може сама да избере начин на кој ќе придонесе во борбата против екстремистичката група.

– Побаравме од Узбекистан да се приклучи кон коалицијата, изјави Даниел Розенблум, заменик-помошник државен секретар на САД за Централна Азија, за време на својата посета на узбекистанскиот главен град Ташкент.

Засега нема никаков коментар од официјални узбекистански претставници во врска со ова прашање.

Узбекистан, кој е главно муслиманска држава со население од 31 милион лица, е стратешки партнер на НАТО во постсоветска Централна Азија и помага во војната против талибанските бунтовници во Авганистан.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …