вторник , 26 септември 2017
white-house-ograda-640x320

САД не планираат да почнат голема копнена операција во Ирак и Сирија

white-house-ograda-640x320САД и натаму немаат планови за спроведување на големи воени кампањи против терористичката групација „Исламска држава“, при што ја оставаат можноста да спроведуваат само ограничени поединечни операции со своите партнери, изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц.

– Претседателот веќе даде јасно на знаење дека немаме никакви намери да спроведување долготрајни големи воени операции, слични на оние што нашата земја ги спроведувашее во Ирак и Авганистан, рече Шулц.

– Но останува можноста да спроведуваме ограничени операции со партнерите, доколку ситуацијата тоа го дозволи, рече тој.

Како пример тој ја посочи неодамнешната операција на специјалните сили на САД за спасување на заложниците во затвор во северен Ирак. Според информации од Пентагон тогаш американските командоси имале само помошна улога, а главната улога ја имале курдските вооружени формации.

САД исто така во Јордан ќе испратат четири авиони Еј-Ти-802, опремени за разузнавање од воздух.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …