понеделник , 25 септември 2017
ivo-sanader04foto-ap_ff

Санадер ќе биде ослободен од затвор со кауција

ivo-sanader04foto-ap_ff
Судскиот совет на Врховниот суд на Хрватска ја укина неправосудната првостепена пресуда за поранешниот премиер и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, за корупцискиот скандал со „случајот Фими медиа“ и одреди кауција за негови излегување од притвор, јави ХРТ.

Санадер е во затворот Реметинец врз основа на пресудаta за „Фими медиа“, односно во така наречен облигаторен притвор, кој во согласност со законот може да им се одреди на сторителите на кои им е изречена неправосилна затворска казна поголема од пет години.

Врховниот суд вчера ја заврши тридневната седница на која се расправаше за жалбите во најголемата корупциска афера во хрватската политика – „случајот Фими медиа“, во која покрај Санадер за извлекување на пари од државните институции и фирми неправосилно е осудена и неговата поранешна партија ХДЗ.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …