недела , 22 октомври 2017
saveski

Савески: Да запре трендот на заминување квалитетни кадри од јавното здравство

Носителот на левица во ИЕ 5, Здравко Савески, од Битола порача дека треба да се преземат чекори за да се запре заминувањето на најдобрите кадри од јавното здравство што придонесува за постојан пад во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.

Како што истакна Савески, неопходно е да се ограничат цените на здравствените услуги во приватните здравствени институции каде за исти работи се плаќа и по десет пати поскапо отколку во јавното здравство. Тоа, како што потенцира Савески, ги принудува граѓаните дури и да земаат кредити и да осиромашуваат за да добијат услуга што би требало да биде сосема достапна во една социјална држава.

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …