недела , 22 октомври 2017
sb-on-1-540x320

СБ на ОН ќе гласа за истрага на хемиските напади во Сирија

sb-on-1-540x320Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа предлог-резолуција, со која се предвидува формирање експертски тим со цел да се утврди кој е одговорен за нападите со хемиско оружје во Сирија, со што ќе се отвори пат и за евентуални санкции.

Гласањето е закажано откако американскиот државен секретар Џон Кери ја доби поддршката од Русија за оваа мерка на средбата во средата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ќе има задача во рок од 20 дена да го поврзе тимот со Организацијата за забрана на хемиско оружје со седиште во Хаг. Експертите своите први сознанија ќе му ги достават на Советот 90 дена по почетокот на истрагата.

 

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …