недела , 24 септември 2017
VizijataZaMakedonija8

СДСМ дебата: Поддржуваме домашни претпријатија, инвестираме дома

vizijata za makedonija
Денеска, во 11:55 часот во објектот на Скопски саем-Скопје, ќе се одржи дебата од проектот Визијата за Македонија, на тема: Поддржуваме домашни претпријатија, инвестираме дома.
Целта е да поразговараме со сите заинтересирани граѓани поединци, граѓански здруженија, организации и да ги слушнеме Вашите размислувања:
-Како да се поддржат домашните претпријатија?
-Како да им се помогне на земјоделците да остварат повисоки приноси?
-План за крупни инвестиции!
-Како да обезбедиме модерна инфраструктура и стабилен енергетски систем?
На дебатата ќе се обратат Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија, Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски, Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика и Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …