вторник , 26 септември 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Демант на МТВ за изнесените измислици

sdsm-sediste098-639x320
„Чиста лага е веста на Македонската телевизија дека опозицијата бара пратеник од дијаспората да се избира со околу 7 илјади гласа.

СДСМ бара да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР според коишто секој глас мора еднакво да вреди, без разлика дали е даден во или надвор од Македонија. Државава има обврска да ги почитува препораките на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, со цел фер изборен процес.

Чиста лага е и информацијата во истата вест на Македонската телевизија, дека СДСМ го поддржува предлогот на претставниците на албанскиот блок партии за користење бадентерово мнозинство при гласањето во ДИК.

Ниту се разговара за ваков предлог, ниту СДСМ прифатила такво нешто. Бараме МТВ да го објави овој Демант по изнесените измислици“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …