понеделник , 25 септември 2017
Nikola-Gruevski-int105-1_201491792125-685x320

СДСМ: Единствени „отворени врати“ во системот на Груевски има за криминалот и корупцијата во врвот на власта

Nikola-Gruevski-int105-1_201491792125-685x320„Поради „системот“ на Никола Груевски од Македонија си заминале над 600 илјади граѓани, најголем број млади, според податоците на Светска банка.

„Системот“ на Никола Груевски донесе голем економски пад, сиромаштија, блокирани фирми, нееднаквост, партизирани институции, нефункционален здравствен систем, недемократски амбиент, задушени слободи и права на граѓаните…

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Тоа се над 21.000 домашни фирми коишто поради „системот„ на Груевски не можат да работат.

Токму „системот„ на Никола Груевски ја доведе Македонија во сериозна политичка и државна криза и се заканува да ја загрози европската перспектива на земјава.

Единствени „отворени врати“ во „системот„ на Никола Груевски има за криминалот и корупцијата во врвот на власта, којшто со години цвета а партизираните институции воопшто не постапуваат.

Хибриден режим е најдобра дефиниција за „системот“ на Груевски кој ја уназади Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …