вторник , 24 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Функционирањето на државниот систем никој не смее да го загрозува

СДСМ во денешното соопштение порачува да престанат блокадите и опструкциите за демократските процеси да продолжат онака како што е предвидено во Уставот, Деловникот и законите.

„Врвен интерес на граѓаните е да добијат нова реформска Влада, онака како што изгласаа“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека нормалниот живот и егзистенцијата на граѓаните, стабилноста на државата и функционирањето на државниот систем никој не смее да ги загрозува.

„На сите им е јасно дека постои Програма на новата реформска Влада којашто ја гарантира унитарноста на државата, обезбедува квалитетен живот за граѓаните и во која не постои никаква промена на државните симболи“, велат од СДСМ.

Парламентарното мнозинство, како што наведуваат во партиското соопштение, има обврска и должност да ги заштити граѓаните и државата и тоа ќе го направи.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …