недела , 22 октомври 2017
sobranie

СДСМ ги поддржа предлог законите на ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од редовите на СДСМ ги поддржа трите предлози на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Драган Данев и Невенка Стаменковска да се гласаат по скратена постака.

Со овие предлози, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат зголемување на платите за административците за 5 отсто, промена на законот за извршување, како и студентите од трета и четврта година да добијат вредносни ваучери за набавка на компјутери.

По ваквата одлука на СДСМ, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржаа предлог-законите на СДСМ, иако пред почетокот на седницата Илија Димовски вети конструктивност и поддршка од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за предлог законите на парламентарното мнозинство кои се однесуваат на зголемување на зголемување на минималната плата на 12 илјади денари и 7000 денари кои Владата ќе ги издвои за стечајните работници.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …