недела , 22 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ : Груевски ќе сноси одговорност за милионските штети и провизии за автопатот Кичево – Охрид

Автопатот Кичево-Охрид е доказ за неспособното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кој очигледно не може да се помири со тоа што веќе не може да договара провизии за себе и своите соработници.

 Промашените траси, пропустите во градбата, провизиите за Груевски, го оштетија буџетот на државата за дополнителни стотици милиони евра пари на граѓаните што ќе се потрошат за санација на штетите предизвикани од неспособноста и коруптивноста на ВМРО-ДПМНЕ.

 Владата предводена од СДСМ ги санира штетите на автопатот Кичево-Охрид и останатите автопатишта, вложува во инфраструктурата и во интерес на граѓаните, одговорно и посветено продолжува со изградбата на започнатите патни правци.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …