вторник , 26 септември 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Груевски се обидува да игра на картата подгревање национални чувства во обид да се спаси себе си

sdsm-sediste098-639x320
Очајот на ВМРО-ДПМНЕ премина во кукавичлук.

Тоа го покажуваат засилените подметнувања и лаги од страна на Груевски по медиумите под негова контрола, откако за целиот свет стана јасно дека тој ја коцка иднината на Македонија.

Се плаши Груевски од независен министер за внатрешни работи. Тоа е работата.

Каква поделба на функционерски места, какви наводни меѓупартиски договори со албански партии.

Груевски се обидува да игра на картата подгревање национални чувства во обид да се спаси себе си. Тоа е вистината.

Ингеренциите на министрите кои ќе бидат дел од техничката влада се јасно дефинирани во Договорот од 2 јуни/5 јули и јавно достапни за сите. 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …