среда , 20 септември 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Иванов итно да дејствува, државата е пред парализа, мнозинството нема да ја дозволи!

Блокадата на државата мора итно да запре!

Несериознота на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов ја оставија Македонија 5 месеци без Влада, а од денеска граѓаните се оставени и без градоначалници и советници.

Доведени се во прашање егзистенциите на вработени во општинските администрации и сервиси кои се под ризик да не добиваат плати и надоместоци, а граѓаните да не ги добиваат потребните општински услуги.

Ова треба да биде последно предупредување до Ѓорге Иванов кој под итно треба да дејствува и да го додели мандатот за состав на Влада на претседателот Зоран Заев.

Иванов е должен да ги следи граѓанските и државните интереси, а не интересот на Никола Груевски.

Груевски и соработниците свесно создаваат хаос во државата, затоа што мислат дека преку дестабилизација ќе ги спречат промените и соочувањето со правдата.

Порачуваме дека парламентарното мнозинство нема да дозволи парализа на државата.

На легитимен начин, согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател, признаен од целата домашна и меѓународна јавност. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада, а ќе има и законски измени за утврдување на датумот за локалните избори.

Нормализацијата на државата и евро-атлантските перспективи се врвен државен интерес и сите имаат законска обврска да ги овозможат и почитуваат демократските процеси што следат.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …