вторник , 24 октомври 2017
ivanov gjorge

СДСМ: Иванов штити криминални платформи, ќе има нова реформска Влада!

Ѓорге Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта, а не да штити криминални платформи за лични и партиски цели.

Единствената платформа што претставува закана за граѓаните и државата е нафтената криминална платформа на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Целата домашна и меѓународна јавност знае дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Постои легитино парламентарно мнозинство од 67 пратеници и демократските процеси мора да продолжат. 

Тие се едиствено решение против расцепите, поделбите, бинационалната држава, кон што водат политиките на Груевски што ги штити Иванов.

Потребен е здрав разум и таа порака не случајно ја испрати меѓународната заедница.

Иванов не смее да ги загрозува државните интереси. Тоа не смеат да го прават ни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинската волја ќе се испочитува. Согласно Уставот, Деловникот и законите Македонија ќе добие легитимен претседател на Собранието, функционално Собрание и нова реформска Влада на граѓаните.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …