среда , 28 јуни 2017
Vlada zaev

СДСМ: Ќе има реформи за живот на сите

„СДСМ како што се обврза пред граѓаните на Република Македонија, ќе предводи реформска Влада којашто ќе обезбеди достоинствен живот, правда и евро-атлантски перспективи за граѓаните и за Република Македонија.

Ќе има реформи што ќе обезбедат повисоки плати и нови работни места, преку државна поддршка на домашните претпријатија повисока од досега. Ќе има редовни субвенции и повисоки, од 160 милиони евра. Ќе има реформи во правосудството преку реизбор според најдобрите европски практики. Ќе има независни и професионални институции и медиуми.

Ќе бидат земени предвид сите забелешки во извештаите на Прибе и на Европската комисија и ќе бидат отворени евро-атланстките интеграции на Македонија.

11-годишното владеење на Никола Груевски донесе само излозација, сиромаштија, масовно иселување на граѓаните, заробени институции, криминал и корупција, ги сруши образовниот и здравствениот систем. Владдењето на Груевски и неговите соработници е најголемото антиреформско владеење во историјата на Македонија. Секој проект, секоја мерка што тие ги спроведуваа беа на штета на граѓаните и државата.

Најголемата реформа на Никола Груевски и неговите соработници беше тоа што во време на најголема сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ стана најбогата партија во Европа. Секоја таканаречена
реформа на Груевски го зголемуваше неговото лично богатство и неговите соработници и фамилијата, а го правеше полош животот на сите други граѓани.

Владата предводена од СДСМ, посветено и транспарентно ќе работи на зацртаните реформи коишто добија поддршка од мнозинството граѓани на изборите и коишто ќе донесат напредок, правда, еднаквост и живот за сите во Македонија. Ништо повеќе не зависи од волјата на Никола Груевски“ се вели во соопштението на СДСМ.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …