вторник , 26 септември 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Класична лага пласира ВМРО-ДПМНЕ преку Курир

sdsm-sediste098-639x320
„Класична лага на провладиниот портал Курир е информацијата дека на свечената академија по повод 11 Октомври не присуствувале претставници на СДСМ.

На свечената академија во чест на големиот државен празник 11 Октомври присуствуваа претставници на СДСМ од високо политичко ниво: Сања Лукаревска, членка на Извршниот одбор и Диме Велковски, претседавач со Централниот одбор на СДСМ.

Лагата на ВМРО-ДПМНЕ е со цел да го покрие срамот на полупразната сала за време на свечената академија по повод државниот празник 11 Октомври, за што втор ден има остри реакции од јавноста.

СДСМ бара од порталот Курир и од сите други медиуми коишто ја пренесоа лажната вест, да го пренсат овој Демант.

Народно-ослободителната борба е во темелите на политиките на СДСМ кои се насочени кон слобода, независност, државотворност, единство и за овие идеали кои ги доведе во прашање авторитарната власт покажавме дека сме подготвени да се бориме и да ги браниме“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …