недела , 22 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ : Лажните вести го потврдуваат стравот на ВМРО-ДПМНЕ од декласифицирањето на договорите на минатата власт

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, осомничен за злоупотреба на службена положба, освен што очигледно го следел својот лидер Никола Груевски во незаконско работење, го следи и во изнесувањето на лажни вести.

 

Вистината е дека има зголемен интерес на компаниите за инвестиции затоа што бизнис климата во земјава се подобрува, економијата и државата се движат во добар правец откако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во опозиција.

Груевски, Делев и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се видно исплашени од вистината што ќе излезе на површина по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании.

Очигледно е, дека Делев и Груевски стравуваат дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што по разни основи влегувале во буџетот на Република Македонија на крајот завршувале како провизии во џебовите не Груевски и неговите дил-ориентед партнери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Лажни се заплашувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека странските инвеститори ќе заминуваат и дека ќе се менуваат условите за инвестирање за странските инвеститори. Реалноста е дека нема да има никакво менување на условите за инвестирање за странските инвеститори, туку напротив, тие остануваат непроменети, а ќе важат и за домашните инвеститори, со што ќе се воедначат условите за инвестирање и за домашните и за странските инвеститори.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …