среда , 28 јуни 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Миноски повторно лаже за долгот, ќе има одговорност!

Tехничкиот министер за финансии Кирил Миноски во рок од 40 дена два пати се обидува да ја лаже експертската јавност и граѓаните дека јавниот долг се намалил во релативни бројки, или како процент од БДП.

Вистината е дека јавниот долг во првиот квартал од 2017 година во апсолутен износ е зголемен за 28.3 милиони евра, а во најновиот извештај Министерството за финансии лажно сака да прикаже негово намалување пресметано како процент од БДП.

Иако пред 40 дена, Министерството за финансии јавно се огради од методологијата на пресметка на БДП на Државниот завод за статистика, сега во своите пресметки ја прифаќа истата па дури и ја надградува.

Миноски во извештајот на Министерството за финансии нелогично пресметал дека Бруто домашниот производ за 2017 ќе изнесува неверојатни 10 милијарди и 300 милиони евра. 

Направени се сериозни статистички злоупотреби со кои Министерството за финансии во последните 40 дена го зголемува износот на БДП за нереални 890 милиони евра со цел да прикаже фиктивно намалување на јавниот долг како процент од БДП.

Демократските процеси продолжуваат, следува избор на нова реформска Влада којашто посветено и транспарентно ќе раководи со јавните финансии, а ќе ги преиспита и сите злоупотреби направени со пари на граѓаните.

Укажуваме дека за севкупното финансиско насилство што власта во заминување го изврши врз граѓаните и државата ќе следува одговорност! 

Слични написи

dragan tevdovski

Тевдовски: Од септември, со државна поддршка, минималната плата 12.000 денари

Со 1,5 милион евра буџетски средства месечно, Владата ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална …