недела , 22 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ : Неплатениот данок и кривичните пријави против нивните функционери најдобро докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за граѓаните

Кривичната пријава против крадоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев е уште еден доказ за криминалното, коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Со кривичната пријава против Чадиев, кривичната пријава против Миле Јанакиески, пресудите против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов, како и кривичните пријави и обвиненија против Христијан Делев и Владимир Талевски, секојдневно се зголемува бројот на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои го следеле примерот на нивниот шеф Никола Груевски и работеле криминално и против интересите на граѓаните.

Освен крадоначалниците и поранешните министри од ВМРО-ДПМНЕ, целата партија работела спротивно на интересите на граѓаните и државата. Доказ за тоа е фактот што ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија што не платила данок за претходните парламентарни избори со што оваа партија не ги исполнила обврските кон државата.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина мислеше на граѓаните, нејзините градоначалници немаше да ги осиромашуваат граѓаните. Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина мислеше на државата, а не на криминалните апетити на Груевски, тогаш партијата ќе платеше данок како и секое друго физичко и правно лице во државата.

Доглот кон државата и крививчните пријави против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ најдобро докажуваат колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ денес е опозиција и затоа убедливо ќе ги загуби локалните избори на кои граѓаните ќе го казнат криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …