недела , 22 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Обезбедени уште 10 милиони евра за финансиска поддршка на земјоделството

„Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена спроведе низа мерки со кои им се помага на земјоделците и се унапредува земјоделството. Уште во првите денови беше деблокиран процесот за исплатата на субвенции и за три месеци на 50 илјади земјоделци им беа исплатени 60 милиони евра, а за истиот период беа распишани и два огласа за доделување државно земјиште до три и над три хектари“, соопшти СДСМ.

Според владејачката партија, преку одговорно и домаќинско работење и преку кратење на непродуктивните трошоци се обезбедија нови дополнителни 10 милиони евра за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Со средствата од програмите ќе се обезбеди финансиска помош од неповратни 10.000 евра за младите регистрирани земјоделци што учествуваа во проектот „Млад земјоделец“. 25.000 производители на пченица ќе добиваат по дополнителни 6.000 денари за секој хектар засаден со пченица, а за 10 отсто ќе се зголеми поддршката за овошни и лозови насади и за градинарски и фуражни култури. Тоа значи повеќе пари за 18.000 лозари, 15.000 овоштари и 30.000 сточари. Ова се само дел од спроведените мерки што беа ветени пред земјоделците. За разлика од уценувачкиот, понижувачкииот и арогантен однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ активно ги решава проблемите и обезбедува повеќе пари за земјоделците со што се унапредува и руралниот развој и севкупниот економски напредок“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …