вторник , 24 октомври 2017
HEC Tikves

СДСМ: Осломеј откажа, го празнат и Тиквешко Езеро

Раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, освен природното Охридско Eзеро, го празни и Тиквешкото Езеро преку хидроелектраната Тиквеш, велат од СДСМ.

Тие додаваат дека „несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе следува отчет“.

„Според нашите информации, од неделата не работи термоелектраната Осломеј, што власта едвај ја подигна да произведува струја. СДСМ постојано предупредуваше дека тендер-политиките на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто ја користеше ЕЛЕМ за рајски градини и за лично богатење на поединци, наместо за вложување во енергетски капацитети, ќе донесат штетни последици за граѓаните и за државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се посочува дека „граѓаните во најстудената зима се оставени да зависат од скап увоз на струја, којшто достигна вредност од повеќе од шест милиони евра, а домашна струја нема бидејќи единствениот комбинат што работи е РЕК Битола, и тоа со постојани падови на системот по криминалните реконструкции“.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …