понеделник , 23 октомври 2017
sdsm-sediste098-639x320

СДСМ: Покажавме дека зборот е збор, се враќа евтината тарифа на струјата

СДСМ информира дека Владата  покажува дека зборот е збор, се враќа евтината тарифа на струјата и се помагаат домашните инвеститори.

„Враќањето на дневната евтина тарифа на струјата е во завршна фаза и таа од први октомври ќе стане реалност за сите граѓани. Секој ден од 14 до 16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник ќе биде достапна евтина тарифа на електрична енергија за сите потрошувачи“ – велат од СДСМ.

Објаснуваат дека активно се работи на новиот Закон за енергетика, а се обновува и прекинатата соработка со Европската енергетска заедница што ќе биде од помош на Република Македонија да донесе европски закони за енергетика и енергетска ефикасност. Таквите закони велат, нема да се ја покачат цената на струјата.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …